Панел: Видливоста и значењето на жените во јавниот и политичкиот живот; Организатор: Сојуз на организации на жени на Македонија(СОЖМ)
Задоволни од својот пат, жените се фокусираат на локалните избори
Искажувајќи го видливото задоволство од можноста и на ова четврто издание на НВО саемот да говорат за своите досегашни успеси, претставничките на граѓанскиот сектор и политичкиот живот во Македонија на панелот под наслов: “Видливоста и значењето на жените во јавниот и политичкиот живот”, ја потенцираа својата увреност дека се на вистинскиот пат. Имено, воведничарките Лилјана Поповска , координатор на Македонското женско лоби, Голубка Нечевска - Унија на жени на Либералната партија и претставничката на ОБСЕ во Македонија Моника Портило, како и претседавачката на панелот Савка Тодоровска, пред присутните, главно претставнички на граѓанските женски организации на Македонија, говореа за досегашниот развоен пат на граѓанскиот сектор во кој работат заедно, за нивната поврзаност и заедничко делување со жените од политичките партии, од синдикатот, од бизнис секторот, медиумите, и за постигнатите резултати, меѓи кои и за резултатите на политички план. Најавија дека на престојните локални избори ќе се борат, бројот на жените на изборните листи да се зголеми, и да бидат што повисоко на нив но и да освојат што повеќе советнички и градоначалнички места во Македонија. “Се намножи бројот на жени на одлучувачки позиции во власта на локално и на централно ниво, на бројни одлучувачки места во различни општествени сегменти, а тоа влијае и на подобрување на имиџот на Македонија надвор, но и на зголемување на кохезициската моќ на општеството. Ќе работиме во иднина интензивно и на полето на децентрализацијата за подобрување на квалитетот на живење - исткна Лилјана Поповска.
Голупка Нечевска Цветановска понуди хронолошки пресек на начинот на организирање на жените во партијата, потенцирајќи ја поврзаноста со граѓанските организации , синдикатот, со жените експерти, а информираше и за влегувањето на Унијата во Европската женска либерална мрежа. Моника Портило ја нагласи работата на ОБСЕ на програмите: “Жените тоа го можат”-со цел обезбедување поголем број жени на локалните избори, на изготвувањето на националниот извештај за состојбата со рамноправноста на жените (во согласност со извештајот на ОН ) но и на полето на децентрализацијата (промовирање на родова еднаквост на локално ниво).Прествничките на Македонското женско лоби најавија и поголема фокусираност на подобрување на условите за работа на жените во Македонија.
|