Во организација на ОПЕН – партнери за развој
Промовиран Прирачникот за активно граѓанско учество
Промотор: Кристина Хаџи-Василева
Во рамките на 4 Саем на НВО, ОПЕН – партнери за развој, го промовираа Прирачникот за активно граѓанско учество. Прирачникот носи наслов Вовед во активното граѓанско учество, а за него зборуваше Кристина Хаџи-Василева, промоторот на ова издание: “Активното граѓанско учество значи самостојно донесување одлуки на граѓаните. Прирачникот е наменет за активисти во граѓанскиот сектор, но и за оние кои сакаат да се вклучат во него. Овој прирачник сакаме да го претставиме и пред државниот сектор, особено пред локалната самоуправа, зашто тие се директни соговорници на граѓаните”, потенцира Хаџи-Василева. Прирачникот е поделен на три дела: - идејна рамка; - конкретни примери за активно граѓанство; - индекс со корисни извори. Излегувањето на Прирачникот е помогнато од ЗГ Активно граѓанство (Cittadinaazattiva) од Италија.
|