ГОДИШНИНА НА ООН
60 години промоција на мирот и благосостојбата
Организацијата на Обединетите нации годинава прославува шест децении од своето постоење. Прославата, со различни активности, започнува во јуни и трае до септември оваа година. Централната манифестација во средината на септември ќе ги промовира Милениумските развојни цели, како патоказ за глобална акција на човештвото за решавање на клучните проблеми што ја засегаат целокупната светска популација, опстанокот и одржливиот развој на планетата Земја.
Процесот наречен Милениумски развојни цели, ООН го иницира на Светскиот милениумски самит, пред пет години, со цел да се изгради подобар и побезбеден свет за идното столетие, преку колективна безбедност и глобално партнерство за развој. Беше зацртан планот до 2015 година да се постигнат амбициозните глобални цели – од намалување на екстремната сиромаштија, преку редуцирање на болестите како СИДА, па с$ до обезбедувањето универзална примарна едукација.
Оваа година, истовремено, ООН ја прославува и годишнината од раѓањето (1905) на поранешниот генерален секретар на Организацијата, Даг Хамерсколд. Можеби во духот на прославата на двете годишнини, е добро да се потсетиме на неговите зборови од една официјална средба во 1956-тата година: “Јас не се сомневам дека и по 40 години од денешниов ден ќе бидеме ангажирани за постигнување на истите цели. Како можеме да очекуваме да биде поинаку? Светската организација е с$ уште една нова авантура во историјата на човештвото”. М.И.
|