Продолжува кампањата „Кажи Македонија“
Јавно испраќање честитки

Во просториите на НВО Инфоцентарот, денес, на 23 март 2004 г., Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот Евро Балкан, Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и ОХО, организаторите на кампањата „Кажи МАКЕДОНИЈА“, ги презентираа новите активности насочени против објавувањето на уредбата на Советот на Европа за употреба на референцата „Бивша Југословенска Република Македонија“ и за термините за означување на граѓаните, припадниците на македонското малцинство во други земји, културата, јазикот, традицијата и сл.
Како што нагласија тие, досегашната поддршка од јавноста, од медиумите и од бизнис секторот е одлична.
Кампањата продолжува утре од 11 до 14 часот, кога пред Градскиот трговски центар, влезот кон плоштадот Македонија, ќе организираат јавно испраќање разгледниците и потпишување на протестното писмо составено од Институтот Евро Балкан.
По овој повод организаторите најавија дека на овој чин ќе присуствуваат политичари, бизнисмени, пејачи, глумци и спортисти.

Протестното писмо ќе биде испратено до г. Јан Клејсен (Jan Kleijssen), директор на Канцеларијата на генералниот секретар, до Совет на Европа, до странските мисии во РМ, до Владара на РМ, до Собранието на РМ, до Кабинетот на Престедателот на РМ, до локалните и меѓународните медиуми, до Организацијата на Обединети нации и до сите други заинтересирани страни.
Отвореното протестно писмо можете да го видите во целост на овој линк.
Д.М.
|