Промоција во Битола
“Лесно оружје- тежок проблем”
Во Битола, на 22 ноември, беше промовиран проект со кој почна кампањата за подобрување на безбедноста на битолчани. Проектот „Лесно оружје, тежок проблем” го иницира граѓанската организација „Стоп-нус”, во соработка со локалната самоуправа и полиција, а го финансира УНДП.
На конкурс посветен на инклузијата на Ромите во општеството
Признание за успешно реализирани проекти
Центарот за ромска заедница „ДРОМ” од Куманово, со проектот насловен како „Децентрализација и Декадата на Ромите во неа”, учествуваше на конкурсот за најдобри проектни остварувања за инклузија на Ромите, организиран од страна на Советот на Европа, и го освои второто место, во конкуренција на повеќе земји од Југоисточна Европа, со резултати од реализирани проекти.
Предупредување
Висок праг на толеранција за семејното насилство
„Од околу 800 пријавени случаи на семејно насилство во Центрите за социјални работи низ Република Македонија, до судовите се поднесени само 80 барања за преземање мерки за заштита”, обвини Здружението за заштита од семејното насилство.