МЦМС: Оглас
Курсеви на МЦМС во месец Октомври
Македонскиот центар за меѓународна соработка е организација на граѓанското општество што работи во областа на одржливиот развој, градењето на свеста и социјално–хуманитарната помош.
Трансферот на знаења и вештини преку обука и консултаци е основна компонента во сите програми на МЦМС уште од неговото формирање во 1993 година.
Во програмата Градење на капацитетите на граѓанските организации во месец септември, 2005 год., МЦМС ги организира следниве курсеви:
Обука време и место краен рок цена на одржување за пријавување обуката Раководење со 03-08 окт. 23 сеп. 15.300 програма Финансиски 18-21 окт. 8 окт. 12.600 менаџмент
Финансистка одржливост 27-29 окт. 17 окт. 9.000 за здруженија на граѓани
Услови
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на одржување на курсот се на сметка на учесниците. - Членовите и раководствата на граѓанските организации можат да конкурираат за покривање на 90% од цената на курсот од страна на МЦМС.
Содржина на курсевите
Раководење со програма
Цели на курсот:
- Проширување и унапредување на знаењето на раководителот за да може успешно да се справува со задачите и одговорностите во раководењето со програма. - Стекнување на практични знаења и вештини за раководење со човечките ресурси. По завршувањето на курсот Раководење со програма учесниците ќе стекнат знаења , вештини и ставови за: · примена на алатките за стратешко планирање и планирање насочено кон целите (дијаграм на цели и дијаграм на проблеми, логичка рамка, ИОМ, СЊОТ анализа); · процес на изработка на програма; · основи за планирање и следење на ресурси и буџет; · основните начела во раководењето со човечките ресурси; Профил на учесници: Обуката е наменета за раководители или координатори на проекти и програми, како и лица кои наскоро очекуваат да дојдат на таа позиција.
Финансиски менаџмент
Цели на курсот:
Еден од најважните аспекти на раководењето во организацијата е финансиското работење, Непрофитните организации имаат свои специфики во финансиското работење. Менаџирањето на финансиите, почитувањето на законските процедури и прилагодувањето кон регулативите на странските донатори се неопходни за нивното функционирање.
- Проширување и унапредување на знаењата за финансиско работење - Стекнување на практични знаења и вештини за финансико работење
По завршувањето на курсот Основи на финансиски менаџмент учесниците ќе стекнат знаења , вештини и ставови за:
o Практични познавања за финансискиот менаџмент (даноци, известување, сметководство, финансиско работење, ревизии и др) o значење на финансискиот менаџмент за успехот на организацијата
Профил на учесници: Обуката е наменета за раководители од граѓанските организации, раководители на проекти и лица задолжени за финансиско работење на организацијата.
Финансиска оддржливост за здруженија на граѓани
Цели на курсот:
- Стекнување на разбирање и знаење за финасиска одржливост на непрофитни организации - Примена на алатки и вештини за остварување на финансиска одржливост
По завршувањето на курсот Финансиска оддржливост за здруженија на граѓани
учесниците ќе стекнат знаења, вештини и ставови за;
· важноста и можностите за финансиска одржливост; · подготовка на стратегии за оддржливост; · примена на различни механизми за мобилизирање на ресурси и генерирање приходи
Профил на учесници: Членови/ки на раководствата и/или активисти/ки на здруженија на граѓани.
Пријавување:
Обрасци за пријавување
- Раководење со програма - Финансиски менаџмент - Финансиска оддржливост за здруженија на граѓани
Обрасците за пријавување можат да се добијат и во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Лице за контакт: Кренар Кука, kkk@mcms.org.mk тел. 02/3065-381
|