„Цивил“ апелира за фер избори без употреба на оружје
Граѓанската организација „Цивил“ апелира до сите граѓани, а особено до партиските структури и лидери во сите заедници, да се придржуваат кон законите и демократските принципи, особено кога станува збор за примената на оружјето во која и да е смисла на зборот. „Само на тој начин ќе се обезбедат достоинствени и фер избори. Оружјето носи лажна победа и слава, тоа претставува само терор и затворање. Со кампања против оруженото насилство и со формирање на акциска мрежа можеме да придонесеме кон мирни, слободни и фер избори, а со тоа да учествуваме во процесот на стабилизирање и безбедност на Македонија и регионот„, се вели во соопштението. Предизборната кампања и самите избори се совпаѓаат со времето потребно за подготовка на Глобалната недела на акција против оруженото насилство – кампања во Македонија, која оваа година, по шести пат ја организираат „Цивил“ и низа други невладини организации во Македонија.
|
|