Погледи
Чекајте, каде без 8 Март!?
Што не е 8 Март? 8 Март не е ден на мајката. Не е ден на сестрата. Не е заостанат социјалистички празник. Точно е дека 8 Март е прогласен за официјален ден на жената на интернационалната конференција на жените одржана од Социјалистичката интернационала во Копенхаген во 1910 година. Точно е дека предлогот го дала германската социјалистка Клара Цеткин. Но, тоа не е одлука донесена тукутака и валидна само за левоориентираните движења/држави.