Календар
8 март: За свет на еднакви
Светскиот ден на жената, прифатен ширум планетата, е ден кој се слави по предлог на Клара Цеткин, германската револуционерка, борец за социјална правда и еднаквост меѓу половите. На нејзин предлог, во далечната 1810 година, на Меѓународната конференција на жените во Копенхаген, Данска, осми март е прогласен за меѓународен ден на жената. Оттогаш, тоа е ден кога жените, а со нив и се повеќе мажи, се борат против потлаченоста на жените ширум светот, за еден поправеден свет на еднакви.
21 март: Денови на пролетта и на животната средина
На денот кој календарски го означува почетокот на пролетта, стартуваат и деновите посветени на животната средина во Македонија. Деновите на животната средина се одбележуваат по иницијатива на членовите на “зеленото” движење во Македонија од скопската рубрика на “Нова Македонија”, а нив ги прифати и Министерството за животна средина и повеќе претпријатија, локални самоуправи, училишта. Се обележуваат со акции на чистење и уредување, изложби, претстави, дебати…
22 март: Светски ден на водата
Светскиот ден на водата е прогласен од Организацијата на обединетите нации. Тоа е ден во кој светската популација се потсетува колку е зависна од основниот животен ресурс, а истовремено, колку е тој, за жал, загрозен. Водата за пиење се повеќе се намалува или станува неупотреблива а со тоа човештвото станува посиромашно и позагрозено. Ова е ден на светска акција за заштита на течноста која што значи живот.
26-29 март: Семинар „Оформување на иднината на Европа“
Германската фондација Конрад Аденауер и Делегацијата на Европската комисија во Скопје организираат семинар за млади луѓе со наслов “Оформување на иднината на Европа”.
|
|