МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ
Награда за Најдобра Истражувачка Сторија за 2001
На 21 март, годинава, во клубот Елемент - ТЦЦ Плаза, во Скопје, од страна на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), беа доделени наградите за "Најдобра истражувачка сторија 2001".
Првата награда, од вкупно 140 наслови (написи во весник и радио и тв прилози) од 55 автори кои конкурираа оваа година, ја доби Јорданка Ивановска, за текстот "Хендикепираните уште бараат свое место под сонцето", објавен во дневниот весник "Вест", на 2 декември, 2001 год.
Втората награда и’ припадна на Билјана Здравковска за текстот "По проневерата од 1,1 милион марки, Алумина ја избркале од Сараево", објавен во неделникот "Капитал" на 25 октомври, 2001 год., додека третата награда рамноправно ја поделија Мирвете Халили, за радиоемисијата "Приказна за Фиторе Бахтири", објавена на Радио Ват, Румен Дарковски и Јованчо Пејчиновски за текстот "Дрога во училиштата, дрога на улиците", објавен во Битолски весник на 18 април 2001 г., и Иван Блажевски за текстот "Спиела со стотина кфоровци за да си ја купи слободата", објавен во "Дневник" на 11 септември, 2001 год.
Вкупниот награден фонд изнесуваше 90.000 денари, од кои 45.000 ден. за добитникот на првата награда, 30.000 за втората и 15.000 ден. за третата награда.
Се планира наградата за најдобра истражувачка сторија МИМ да ја доделува секоја година.
|