Апел за заштита на културната сопственост на Израел и на Либан

Покрај човечката трагедија, и културна катастрофа

Мислењето на јавноста низ светот ја изрази својата вџашеност од размерот на човечката трагедија нанесена врз цивилното население во новите вооружени конфликти на Средниот Исток. Алармантно е исто така и нивото на материјална деструкција на човечките населби и инфраструктурата на целата област засегната од конфликтот.

Покрај тоа, за нас, организациите потписнички на овој апел, чија „основна причина” е да се заштити културното наследство на човештвото, од огромна важност е да се привлече вниманието на јавноста и на сите засегнати политички и воени тела, на обемот и сериозноста на тековната опасност за преживување на културното наследство од огромна важност, признаено како „светско наследство” од страна на УНЕСКО. Со таа цел и ги поддржуваме претходните изјави на Меѓународниот комитет на сина заштита (21 јули 2006) и Светскиот археолошки конгрес (31 јули 2006) во врска со културното наследство изложено на ризик во конфликтот на Средниот Исток.

Покрај страдањето на народите и интензитетот на материјалната деструкција, тоа е сеќавање на човештвото - преку неговото архитектонско, археолошко и музејско богатство, кое непоправливо се оштетува. И културните идентитети низ регионот се исто така изложени на сериозна закана.

Ние би сакале да привлечеме особено внимание на фактот дека бројни локации на светско богатство се наоѓаат во зоната на судири. Помеѓу оние во Либан, локацијата Библос, еден од најдревните феникиски градови, е засегната од истечена нафта по рушењето на резервоарите со гориво. Сепак, најизложени на ризик се локациите на Баалбек и Тир, чија непосредна околина беше бомбардирана. Во Баалбек беа фрлени бомби на само 300 м од локацијата позната по шесте римски столбови, кои се највисоки во светот. Градот Тир, каде се наоѓаат феникиски и римски рушевини и колекции на артефакти во склоп на светското наследство, претрпеа бројни воздушни напади. Исто така, со бомби е уништено природното наследство во заштитената Шума на кедари во резерватот Ал шоуф биосфер.

Локациите на светско богатство во ракетираниот севе­рен Израел се важ­ни археолошки наоѓа­лишта од приказните на Мегидо и Хазор и нивните музеи, и древниот феникиски град Акре, кој исто така зачувува важни остатоци од крстоносните времиња под утврдениот отомански град.

Покрај овие локации на светското наследство (и моментално предложените ло­ка­ции на светско насле­ство како оние во Хаифа), областа засегната од конфликтот вклучува бројни археолошки наоѓалишта, споменици и артефакти коишто датираат од почетокот на човештвото и вршат реконструкција на последователноста на голем број цивилизации (феникиски, хеленистички, римски, византиски, исламски...).

Повеќето од овие локации се веќе запишани од страна на Израел и на Либан на нивните начелни листи во согласност со Конвенцијата за светско наследство. Голем број локации се сведоци дека овој регион е лулка на три големи монотеистички религии.

Организациите потписнички на овој апел ги потсетуваат завојуваните страни на одредбите од Хашката конвенција за заштита на културната сопственост во случај на вооружен конфликт (1954) и нејзините два протоколи, според кои договорните страни „се обврзуваат да ја почитуваат културната сопственост лоцирана на нивна територија, како и на територијата на други високи договорни страни, воздржувајќи се од користење на имотот и неговата непосредна околина или од користење негова заштита за цели коишто може да го изложат на деструкција или штета во случај на вооружен конфликт; и со воздржување од каков било чин на непријателство кон ваквиот имот” (член 4.1).