МАНУ И ИНИЕР
Борба Против Климатските Нарушувања
Во соработка помеѓу Македонската академија на науки и уметности и грчката невладина организација ИНИЕР - Интердисциплинарен институт за истражувања за животната средина, во Скопје, во зградата на МАНУ, на 22 март беше одржана работилница под наслов: "Борба против климатските промени - Национални задолженија и активности". На работилницата зборуваа министерот за животна средина г. Владимир Џабирски и други претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, претставници на МАНУ и ИНИЕР, како и повеќе други експерти од оваа област од Македонија и Грција.
Оваа работилница се одржа во рамките на Програмата за јакнење на капацитетите на Балканските држави за справување со климатските нарушувања, чиј иницијатор е грчката влада, во рамките на иницијативата ДАЦ/ОЕЦД.
М.И.
|