СОВЕТ НА ЕВРОПА
Мали грантови за образование на полето на човекови права
Директоратот за млади и спорт при Советот на Европа, преку Европската младинска фондација, нуди финансиска помош за поддршка на локални пилот-проекти за отпочнување нови иницијативи и со цел да ги мотивира локалните НВО и групи кои преземаат акции поврзани со образованието на младите на полето на човековите права. Директоратот сака активно да соработува во вклучувањето на образованието за човековите права во работната пракса на младите и да ги поттикне иновативните практики и партнерства на формално, како и на неформално образовно ниво. Приоритет за финансирање ќе имаат проектите кои во друг случај тешко дека би стартувале. Избраните би биле финансиски поддржани најмногу до 7.600 евра. Повеќе информации на http://www.coe.int/hre или http://eycb.coe.int и на електронска пошта eycb.secretariat@coe.int.
Краен рок за аплицирање е 15 септември 2004 година.
|