Републички извиднички ориентациски натпревар
Во Пелинце извидниците се дружеа и натпреваруваа
Сојузот на извидниците на Македонија годинава, како и во изминатите 10 години наназад и годинава го организираше Републичкиот извиднички ориентациски натпревар - РИОН, врв на извидничките натпреварувања, каде извидниците имаат можност да ги покажат своите познавања во ориентацијата и снаоѓањето во природа.
Натпреварот е одржан во селото Пелинце од 7 до 10 октомври, а негов домаќин беше локалниот извиднички одред “Скаут” од Куманово, а учествуваа 120 извидници од цела Македонија. Тие во селото изградија камп каде што престојуваа, се дружеа и се натпреваруваа 4 дена.
Датумот и местото не беа одбрани случајно, тие се поклопуваа со државниот празник 11 Октомври, кој извидниците го одбележаа и со посета на новиот меморијален центар во селото Пелинце, каде што на свечен начин е и отворен натпреварот.
К.Б.
|