ДРУШТВО ЗА МАКЕДОНСКО-ГЕРМАНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА
Новогодишна средба
Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка од Скопје на 21 декември 2004 година организираше новогодишно-божиќна средба во Даут-пашиниот амам во Скопје.
На оваа средба беше претставена видеопрезентација со наслов “Творештвото на Мунк, Кирхнер и Ернтс – од експресионизмот до суреализмот во Германија”, подготвена од Илина Арсова, со асистенција на Елена Николова. Беше одржана и музичка вечер со Љубиша Кировски, виолина, и Јован Каровски, пијано. Програмата опфати композиции на класични и современи интернационални автори.
Друштвото активно работи на промоција на германската култура во Македонија, но и на македонската во Германија.
М.И.
|
|