q&a ОДНОСИ МЕЃУ ДОНАТОРИТЕ И ЛОКАЛНИТЕ НВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
“Свртете се кон одржливоста и иднината на вашата земја!”
Какви се односите помеѓу донаторите и НВО во Македонија? Ова прашање се поставува честопати - и од едните, и од другите. Дали се базирани врз партнерство или пак НВО се само корисници на услугите на донаторите?
Овие прашања & ги поставивме на г-ѓа Аника Пало, директор за развојна соработка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој, СИДА. Ја запрашавме што таа подразбира под терминот партнер и што според нејзиното мислење НВО и донаторите очекуваат едни од други? Еве го нејзиниот одговор на овие прашања: “Присуството на донаторите во Република Македонија се карактеризира со нестабилност и недостаток на долгорочен период, бидејќи поголемиот број од нив пристигнаа во Македонија поради кризата и конфликтите кои потекнуваа надвор од земјата. Многу актери - меѓународни владини организации (МВО), како и невладини организации (НВО), пристигнаа во Македонија во хуманитарни мисии во 1999 години. Овие организации го ставаа акцентот на огромниот број бегалци кои пристигнуваа во Македонија поради војната во Косово. Мултилатералните и билатералните донатори го свртеа интересот кон Македонија за да & понудат помош. А за имплементација на хуманитарната помош (претежно дистрибуција на различни предмети), во голема мера се користеа невладините организации. Од 1999 година па натаму ситуацијата во Македонија се смени. Внатрешниот вооружен конфликт од 2001 година заврши и се случија изборите во септември 2002, кои беа оценети како успешни. Македонија е на пат кон Европската унија, отако го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација. Долгорочниот фокус е неопходен по прашањата за стабилност и развој. Новата македонска влада, како и граѓанското општество, треба да се фокусираат на долгорочни планови доколку сакаат да постигнат успешни резултати. Бројот на невладините организации во Македонија е неверојатно голем - бројката се движи од 2.000 до 4.000 организации. Со просечен број жители од околу два милиони, релативниот број на НВО станува уште поголем. Меѓутоа, повеќето локални НВО во Македонија немаат јасно определени фокус, мисија или основа за членство. Тие само даваат услуги или нудат “проекти” кои треба да ги финансираат странските донатори. Проектите се главно хуманитарни и најчесто са засноваат на дистрибутивни активности. Во текот на минатата година се зголеми бројот на НВО кои нудат “обука”, бидејќи тоа е сега во мода во меѓународната заедница. Во долгорочниот развој, којшто во оваа фаза & е неопходен на Македонија, потребно е да учествуваат сите актери. За да можат локалните НВО да дадат поддршка во овој процес, потребни се реални и искрени напори. Да се има вистинска мисија - т.е. кауза за која невладината организација ќе се бори секогаш; да се има редовни контакти со корисниците - дали ним навистина им треба тоа што го нуди невладината организација?; да се утврди основа за членство и да се собира членарина - постојаните приходи се неопходни бидејќи странските донатори се несигурни; и да се биде транспарентен и доверлив - тоа се особините кон кои треба да се стремат НВО. Постојат видливи разлики меѓу хуманитарната работа и долгорочните напори за развој, а ниту едно од нив не е лесно. Постојат некои локални НВО кои сфатија дека нивната работа му користи на македонското општество и тие се во постојан близок контакт со корисниците, обидувајќи се да ги задоволат нивните потреби и задржувајќи го фокусот на она во кое се добри - било да е тоа раководење со младински центар или застапување нов закон против злоупотреба на жените. Таквите НВО се искрени во нивните напори да го поддржат македонското граѓанско општество, како и општеството во целост, и тие ќе можат да ги одржат своите активности и по заминувањето на главните донатори. Во македонските НВО членуваат висококвалификувани, талентирани и образовани луѓе кои би можеле да бидат од огромно значење во изградбата на силно и толерантно општество. Сега е време да се свртите кон одржливоста и да почнете да работите за иднината на вашата земја”.
Аника Пало
Појмовник Логичката рамка е матрица од четири вертикални колони и четири хоризонтални редови. Првата колона: логика на интервенција Генерална цел: цел на високо ниво за која ќе придонесе интервенцијата. Други интервенции и активности исто така ќе придонесат за остварување на оваа цел; Намера (цел) на проектот: целта што треба да се постигне со интервенцијата. Треба да пости јасна шанса дека оваа цел ќе биде остварена врз долгорочна основа (според проектот). Оправдан корист за целните групи е секогаш истакнатата намера на проектот; Посредни резултати: производи од преземените активности. Резултатите заедно ќе водат кон остварување на намерата на проектот; Активности: активностите што треба да се извршат во интервенцијата за да се постигнат посредните резултати.
|