Календар
3 Мај
Слободно информирање
Трети мај е меѓународен ден посветен на слободата на медиумите. Овој вид слобода, кој се смета за една од основните придобивки на демократското општество, во многу држави од светот не е реализирана. Меѓународните асоцијации на новинарите и репортерите, како и граѓаните кои се свесни за важноста на слободното информирањење, на овој датум се обраќаат до владите и јавноста, барајќи слобода на медиумите во целиот свет.
7 Мај
Центар за НВО во Ресен
Ресен на овој датум ќе добие Центар за поддршка на невладините организации од регионот, Тој ќе биде дел од мрежата вакви центри што се отвораат со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Европската агенција за реконструкција.
8 Мај
Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Ова е ден посветен на хуманоста. Во светот, се прославува како ден на Црвениот крст и на Црвената полумесечина. Многу граѓани, на овој ден ја покажуваат својата хуманист, учествувајќи во различни акции, или пак со давање донации.
9 Мај
Ден на Европа
Денот на Европа се прославува како еден од важните датуми во Европската Унија. Но, него го одбележуваат и државите кои се вон ЕУ, но сепак се дел од Европа. Кај нас, овој датум веќе неколку години се одбележува во организација на Делегацијата на Европската комисија во Македонија.
9 Мај
Сеќавање на холокаустот
Деветти мај е прогласен за светски ден посветен на жртвите на холокаустот. Тоа е датум кога светската јавност, оддавајќи им помен на жртвите, се повикува да го спречи ширењето на неонацизмот и на другите форми на нетолеранција и насилство.
10 Мај
Дебар и Струга со центри за НВО
На овој датум ќе бидат отворени уште два центри за поддршка на невладините организации - во Дебар и Струга. Со тоа, ќе биде заокружена мрежата од осум нови центри, кои ќе им се придружат на четирите кои веќе неколку години работат со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
24 Мај
Жените за мир
Жените од целиот свет на овој ден се обединуваат во борбата за мир. Светската акција на жените за мир и разоружување, која се организира на овој ден, анимира многу жени но и мажи кои организираат протести, трибини и другу активности, повикувајќи на мир во светот.
31 Мај
Ден против пушењето
Последниот ден во мај е посветен на борбата против пушењето. Организациите кои работат во областа на здравството и животната средина укажуваат на штетноста на оваа навика, која секоја година е причина за заболувања и смрт на милиони луѓе.
|
|