„АМОС“ – Битола
Едукација на млади за човекови права
Центарот за човекови права „АМОС“ од Битола, од 15 до 21 декември во Битола, ќе спроведе национален тренинг -курс за едукација за човекови права со млади, поддржан од Советот на Европа, Директоратот за млади и спорт – во рамките на Младинската програма за едукација за човекови права.
Овој курс има за цел да ја развие компетентноста на учесниците кои ќе работат на едукација за човекови права на локално и национално ниво и да ги оспособи да делуваат како фацилитатори во едукацијата за човекови права, посебно низ развојот на проектите кои ќе имаат влијание, првенствено и главно на базично ниво – и во неформалната и во формалната едукација. Курсот е дизајниран за учесници кои се или делуваат како: тренери активни во неформалната едукација, посебно во младинските организации и здруженија, во активностите со младинска работа или во други НВО кои имаат врска со едукацијата за човекови права; и, наставници активни во формалниот образовен систем.
Апликациите мора да бидат испратени до Центарот за човекови права „АМОС“ – Битола, заедно со писмо на поддршка од организацијата или институцијата која ги испраќа. Краен рок за аплицирање е 5 ноември 2003 година. Тренингот ќе се одржи во Битола. За подетални информации обратете се на тел. 047/252-307 (лице за контакт : Сашо Кочанковски).
Г.Ш. |