Босна и Херцеговина

Неповолен став кон хомосексуалноста во БИХ

Според резултатите од испитувањето на јавното мислење спроведено во април 2004 година од страна на агенцијата “Присм Ресеарцх”, 82,3% од граѓаните на Босна и Херцеговина имаат генерално негативно мислење за хомосексуалноста, без разлика на полот. Ова е прва анкета за испитување на јавното мислење по прашањето за хомосексуалноста и проституцијата во земјата. Негативниот став на јавноста во БиХ кон хомосексуалноста најдобро се илустрира со фактот дека над 75 проценти од испитаниците веруваат, како што самите велат, дека прифаќањето на хомосексуалците во оп­штест­вото негативно би се одразило на општата до­бро­сос­тој­ба во државата. Речиси три четвртини од испитаниците рекле дека би се чувст­ву­вале непријатно во друштво на хомо­сек­суалци, а само 8,6% од испитаниците рекле дека тие лично познаваат некого со поинаква сексуална определба. Во врска со легализацијата на прости­ту­ци­јата, еден од пет граѓани (19,4%) би ја поддржал иницијативата за лега­ли­за­ци­ја, додека 72,7% се противат на таквата идеја.            Г.Ш

 

Косово

Донаторската конференција за културното наследство на УНЕСКО

Организацијата за наука, образование и култура при Обе­ди­не­ти­те нации (УНЕСКО) ќе биде домаќин на донаторската кон­ф­е­рен­ци­ја за културното наследство на Косово, каде е потребна итна по­правка и реставрација на 75 споменици.  Средбата во Париз има за цел да помогне во реставрацијата, заштитата и зачу­ву­ва­ње­то на многу христијански и муслимански споменици, како и други места од големо историско значење што беа цели во уништувањето на Косово.  Според извештаите на УНЕСКО и на Советот на Европа, на списокот се наоѓаат 48 православни споменици, 14 мус­ли­мански/турски споменици и 13 примери на народната/локалната архитектура и останати ис­ториски локации. Работата на го­ре­спо­ме­на­ти­те споменици во почетната фаза ќе чини 40 ми­лиони евра.  Предвидено е шефот на при­вре­ме­ната административната мисија на Косово (УНМИК), Сорен Јесен-Педерсен, да учествува на конференцијата со која ќе претседава генералниот директор на УНЕСКО, Коичиро Матсура.                                                                                 Г.Ш.      

 

Албанија

Промотивни кампањи на ИОМ против ХИВ/СИДА

Меѓународната организација за миграции, ИОМ, започна промотивна кампања против ХИВ/СИДА во Албанија. Според достапните информации, ИОМ проценува дека болеста прераснала во акутен проблем во албанското општество. Една од главните причини е недостатокот на знаење и ниското ниво на сексуално образование во земјата. Највисок процент на заразени со ХИВ-вирус е забележан кај луѓе кои имигрирале или живееле одреден временски период во странство. Во кампањата за подигање на јавната свест се вклучени истакнати популарни артисти и спортисти. Кампањата е дел од глобалната стратегија за болеста на столетието, финансирана од страна Европскиот совет.        Г.Ш.

 

Србија и Црна Гора

Нов извештај на Амнести интернешнл

Амнести интернешнл го издаде извештајот “Србија и Црна Гора:  залудно потрошена година. Постојан неуспех да се исполнат клучните обврски за човековите права дадени пред Советот на Европа”. Во извештајот организацијата ги наведува обврските кои Србија и Црна Гора досега не успеаја да ги имплементираат и дава бројни примери за недостаток на соработка со ИЦТЈ (ИЦТЅ) и судењата во Србија и Црна Гора поврзани со конфликтот во Југославија, нерешените убиства за кои се верува дека биле политички атентати извршени од страна на државни агенти (на пр. Славко Чурувија, Милан Паниќ), дискриминацијата на Ромите, итн. Поради тоа, Амнести интернешнл бара од Србија и Црна Гора сериозно да се зафатат со решавање на злосторствата од минатото, да ги унапредуваат и штитат човековите права и да ги исполнат сите обврски кон Советот на Европа. Повеќе информации, како и целосниот текст на извештајот, се достапни на хттп://амнестѕ-нењс.ц.топица.цом/маадјЛсабфј7АбеЦЉ2фб/ (од веб-страницата на АИ)