ФИООМ

Демократска Македонија

Во издание на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, од печат излезе книгата Демократска Македонија од авторот Ѓоко Поповски. Книгата има форма на моно­графија, посветена на деценијата и половина од постоењето на парламентарната демократија и работата на Парламентот на Република Македонија. Таа е плод на долгогодишното регистрирање на настаните од страна на авторот, кој е раководител на Секторот за информирање, доку­ментација и библиотека на македонскиот Парламент.


Немаме резервна планета

Прирачник за еко-секција на основните училишта

Прирачникот за еко-секција во основните учи­лишта од Александра Младеновска, како дел од програмата “Немаме резервна планета” на  Здружението на граѓаните ОХО, беше промовиран на 22 април на Денот на планетата Земја. Во него  се содржани девет теми, низ кои учениците треба да се запознаат и едуцираат  за сопствената улога во заштитата на Планетата и нејзините елементи: водата, воздухот, растенијата и животните. Тој е реализиран со помош на Бирото за развој на образованието во Македонија, а е финансиран од Швајцарската агенција за соработка и развој.


ЕКЕ

Веб-страница за Маловишта

Здружението за одржлив развој на Маловишта и потпелистерските села ЕКЕ, ја објави веб-страницата њњњ.маловисхта-еке.орг.мк. Оваа веб-страница е дел од проектот Маловишта - традиција што трае, кој здружението ЕКЕ го спроведува во рамките на програмата Живо наследство, финан­сирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Фондацијата Крал Бодуен од Белгија. На неа е презентирано природното и културното наследство на ова пелистерско село, како и активностите спроведени во рамките на проектот.


ФОНДАЦИЈА ЗА МЕЃУГРАНИЧНА СОРАБОТКА

Еврорегион на веб-страница

Фондацијата за меѓугранична сора­ботка, чии основачи се општината Куманово, ФЗЦ “11 Октомври”, Коме­рцијално-инвестициската банка, Регио­налната стопанска комора и Здру­жението на занаетчиите на Куманово, ја издаде веб-страницата

www.fondacija-rcku.org.mk/evroregion . На оваа веб-страница можат да се најдат податоци за еврорегионот Морава-Пчиња-Струма, кој се наоѓа на тромеѓето на Македонија, Србија и Бугарија.