МЛАДИНСКИ АРТ ФЕСТИВАЛ
Битола отворен град
Од 28 до 31 август годинава, во Битола се одржа Младинскиот арт фестивал „Битола отворен град 2003“, кој го организира Младинскиот културен центар од овој град. На фестивалот учествуваа млади уметници од Европа, кои ја изразија својата креативност преку различни форми: графити, концерти, уличен театар, работилница за креативно пишување, стрип-работилница, уличен циркус...
Поддршка за одржувањето на овој младински културен настан дадоа: Амбасадата на САД во Македонија, Агенцијата за млади и спорт, Прохелвеција – Швајцарија, како и неколку бизнис-компании: МТ нет и битолскиот бизнос-сектор – Студио Репротајм, Пела роса, Мобил и ЈП Стрежево.
М.И.
|