Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“

Новогодишни работилници во ТЦ „Рамстор“

Во периодот од 15 до 30 Декември, во просториите на трговскиот центар Рамстор, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, ќе организира новогодишни работилници.

Секој работен ден, во попладневните часови, од 15.30 до 19.30 часот, ќе се одржуваат работилници на кои се изработуваат новогодишни лампиони, новогодишни честитки и разни новогодишни оригами предмети. За време на викендите работилниците ќе се одржуваат во периодот од 12.00 до 16.00 часот.

На работилниците можат да учествуваат сите деца кои се заинтересирани да поминат креативно исполнето слободно време. Секое дете кое учествува во работилниците, добива по еден изработен производ за себе, а со останатите предмети учествува во украсување на ТЦ „Рамстор“.

Покрај работилниците се наоѓа и штанд на Детската амбасада „Меѓаши“, каде се изложени рачно изработени предмети од децата членови на амбасадата, како и од волонтери. На штандот може да се купат и новогодишни честитки, кои за оваа година, исто така, се направени од мотиви на цртежи што ги изработија децата членови на Детските работилници во „Меѓаши“.