ЧЕШКА

Партнери за проект за дрогата и младите луѓе

„Alienteam.cz“ - младински клуб, Република Чешка, бара партнери за заедничко спроведување мултимладински проект во рамките на програмата „Action 1/Youth“. Тема на проектот е „Дрогата и младите луѓе“. Програмските активности опфаќаат работилници и слободни активности.

Период на спроведувањето на проектот е 28 февруари - 7 март, 2004 (9 дена, вклучително и патувањето), а рок за пријавување партнерство е 1 ноември 2003 година.

Место на одржување на настанот е локацијата „Mountain cottage“ (Планинска колиба), Република Чешка (зимска сесија). Учесници треба да бидат седуммина млади луѓе на возраст од 16 до 18 години, плус еден лидер, т.е. вкупно 8 луѓе по земја, а бројот на земји-учеснички е најмалку пет. Што се однесува до трошоците, 70% надомест за патни трошоци, сместување, храна и програмски активности се покриваат преку грантот, а остатокот учесниците.

Сите заинтересирани младински групи можат да контактираат по електронски пат за повеќе информации на klub@alienteam.cz (лице за контакт: Радован Сикула, телефон/факс: +420581761424).