ПДАС „Меѓаши“

Децата ќе стекнуваат вештини и знаења за изведба на циркус

Летните работилници ќе се одржуваат од 28 јули до 1 август во дворот на „Меѓаши“. Работилниците ќе ги водат волонтери од циркуската школа на Националниот центар за циркуска уметност од Франција. Работилниците се без надомест. Право на учество и набљудување на Циркусот имаа сите деца на возраст од 5 до 16 години и нивните родители како публика.

 
Отворена е летна работилница за стекнување на вештини и знаења за изведба на циркус. Работилницата ќе се одржи во периодот од 28 јули (понеделник)  до 1 август (петок). Целиот проект ќе биде во рамките на активностите на Детската амбасада.    

Циркуската школа - Национален центар за циркуска уметност - од Франција (www.cnac.fr)  доаѓа во Скопје. Целта е да им ја приближи работата на циркуските дисциплини и уметноста на циркусот, на децата членови на Амбасадата.

Програмата вклучува пет категории на учење циркуски техники: жонглирање, акробација, рамнотежа, игра на актерот, доверба во својот партнер-другар.

Децата ќе се запознаат и со животот на луѓето во циркус, со нивните патувања, ќе цртаат и ќе се дружат.

Работилниците ќе се одвиваат во претпладневните часови, поделени во две групи. Првата работилница со почеток од 10:00 до 12:00 часот, ќе работи со деца на возраст од 5 до 10 години. Втората работилница со термин од 12:00 до 14: 00 часот, ќе работи со деца на возраст од 11 до 16 години.

Работилниците се без надомест. Право на учество и набљудување на Циркусот, освен децата членови на Детската амбасада имаа сите деца на возраст од 5 до 16 години и нивните родители како публика.

Воедно ве информираме дека работилниците ќе се одвиваат во дворот на Амбасадата. Секое заинтересирано дете, и/или возрасен, кое сака да гледа како се одвиваат работилниците (а не сака да учествува во нив), може да биде дел од публиката секој ден, во термините предвидени за работа на работилниците.

Последниот ден, 1 август, децата што редовно ќе доаѓаат на работилниците, заедно со своите волонтери - циркузанти, за сите присутни ќе организираат циркуска претстава.

Повеќе детали околу пријавувањето може да се добијат на телефоните:
2463 900 и 2465 316.

Лице за контакт - Татјана Јаневска, координаторка на Детските работилници при Амбасадата.