Светската банка

Поддршка на институционалната реформа во Јемен

Одборот на директорите на Светската банка на 6.12.2007 г. одобри грант од 50 милиони американски долари за поддршка на Проектот за развој на политиката за институционални реформи во Јемен, со цел да го поддржи спроведувањето на клучните елементи на владината реформска програма. Грантот се фокусира на два столба:(И) зголемување на ненафтениот пораст со посебен фокус врз подобрување на инвестициската клима; и (ИИ) зајакнување на раководењето и на јавното финансиско управување.

Јемен се соочува со застрашувачки предизвици, како што е трошењето на изворите на нафта и вода, додека населението расте брзо со 3 проценти годишно. Целосното спроведување, координацијата и надгледувањето на проектот ќе ги спроведе Министерството за планирање и меѓународна соработка.