Прва детска амбасада во светот - Меѓаши

Неформално образование низ детски работилници

Почнувајќи од октомври оваа година, Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, ќе спроведува активности за неформално образование низ детски работилници. Ќе функционираат работилниците за компјутери, англиски јазик, едукација за човекови вредности, театар, литература, астрономија, екологија, ликовна и оригами.

Работилниците претставуваат можност децата од различна етничка припадност и низок економски статус заеднички да се дружат преку позитивни и корисни алтарнативи на користење на слободното време. Во нив, на децата им се овозможуваат различни активности според нивните интереси и со употреба на соодтвени прирачни средства да ја развијат креативноста и фантазијата.

Рабоилниците ќе бидат отворени еднаш неделно од 16 до 20,30 часот. Групите се состојат од деца на возраст од 4 до 14 години. Уписите за работилниците се без надомест и ги користат само децата членови на Амбасадата Меѓаши. Членарината чини 300 денари годишно. Децата чии родители се социјални случаи, децата без родители и децата бегалци се ослободени од плаќање. Уписот трае до 3 октомври.

 

Г.Ш.