ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Да се сочува Смоларскиот водопад

Општината Ново Село, Струмичко, заедно со локалните жители од селото Смоларе, покрена акција за сочувување на околината на Смоларскиот водопад. Околината на водопадот е загрозена од сеча на шумата и пробивање пат во непосредна близина на водопадот, од страна на  локалната подружница на ЈП Македонски шуми. Јавното претпријатие не ја признава одлуката за прогласување на Смоларскиот водопад за споменик на природата, доне­сена од општината, во соработка со Минис­терството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.

Општината го овласти Правниот центар за животна средина на здружението Ерина од Скопје да ја застапува во решавањето на овој проблем. Правниот центар на Ерина се обрати до Владата и до надлежните минис­терства за животна средина и за шумарство, барајќи да се спречи деградацијата на околината на водопадот и да се реши спорот кој се однесува на одлуката за споменик на природата. Кон акцијата на општината и на локалното население се придружија и фондациите Институт отво­рено општество - Македонија и Крал Бодуен од Белгија, со чија донација минатото лето беше изградена пристапна патека до водопадот, со што тој стана вистинска атракција и привлече илјадници посетители, поттикнувајќи го локалниот развој на селото Смоларе.                                                      

М.И.