НАСТАНИ ДЕМОКРАТИЈА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА РОМСКИ ЦЕНТАР „ДРОМ” 

Сите различни – сите еднакви

Ромскиот центар „Дром” се вклучи во периодот од први до десетти април во активностите околу одбележување на светскиот ден на Ромите, осми април, кои опфатија повеќе кампањи, мирни протести, предавања и други настани. Во сите овие активности Ромите од целиот свет ја манифестираа својата желба за еднаквост и за прифаќање на околината и на различен начин се изразуваа за себе самите.

- Под називот ‘Уштибен” што во слободен превод значи размислување за самиот себеси, Ромите од Сиднеј до Лондон пишуваа, правеа театарски и други претстави, се изразуваа за себе, за својот начин на живот и за својата филозофија на живеење, вели Ашмед Елезовски од „Дром”. Ова здружение, како резултат од тие активности, а со поддршка на холандската организација „Пакс Кристи” , го издаде лифлетот под наслов „Сите различни – сите еднакви”, чија порака ја пренесуваме во целост:
„Велат, се врти тркалото на среќата... Гледајќи го ромското знаме и старото тркало од караванските коли кои ја будат вековната исконска желба на Ромите да го најдат својот пат и среќата под сонцето, некој се потсетува на една стара ромска поговорка која вели: „Земјата мие постела, а небото покривка топла”. Ако Американците се горди со старуара на слободата, Французите со Ајфеловата кула, Англичаните со Биг-Бен, Ромите се горди бидејќи успеаја да го сочуваат својот јазик, култура и идентитет без напиШани зботови токму како старите Инки и Ацтеки. Секоја птица кон своето јато лета, секој човек му припаѓа на некој народ, секоја нација има своја матична земја... а ние Ромите... му проШаѓаме на целиот свет и не сакаме ништо повеќе освен да бидеме не помалку и не повеќе орколку сите оние што се нарекуваат луѓе...”