Македонски центар за меѓународна соработка
Информација за Наградата за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн“
ВОВЕД
Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн” ја воспостави Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и за првпат ја додели во 2001 година.
Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн” е воспоставена со цел да придонесе во натамошниот развој на одржливиот развој во Македонија, а во чест на Херт Јан ван Апелдорн.
Видови награди
Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн” се доделува за: - долгогодишен придонес, - постигнување во претходната година.
Наградата се состои од диплома и парични средства.
УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА НАГРАДАТА
Добитници на Наградата
Наградата се доделува на:
- организации, домашни и странски, рагистрирани како непрофитни и/или профитни организации и/или јавни/државни установи;
- групи и заедници, вклучувајќи месни заедници и локални самоуправи;
- поединци, граѓани на Македонија или странски државјани.
Теми за кои се доделува Наградата
Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн” се доделува за одржлив развој во Македонија и тоа за:
а) промоција и поддршка на правото на одржлив развој
- промоција и поддршка на правото на поединците, групите и луѓето да учествуваат, да придонесуваат и да уживаат во континуиран економски, социјален, културен и политички развој, во кој сите во потполност ќе ги остварат своите човекови права и фундаментални слободи;
- промоција и поддршка на правото на еднаква можност и пристап кон ресурсите; право на фер дистрибуција на добивките од развојот;
б) локални и национални иницијативи за одржлив развој
- унапредување на развојот на луѓето, со локални и национални иницијативи во сектори како образованието, здравствената заштита и социјалната грижа;
- унапредување на економскиот или материјалниот развој;
- јакнење на капацитетот на луѓето и заедниците да се организираат за да дејствуваат кон остварување на иницијативите за одржлив развој;
в) одржливост
- промоција и поддршка на одржливиот развој како процес на промена во кој сите заедно - експлоатацијата на ресурсите, насоките на инвестициите, ориентацијата на технолошкиот развој и институционалната промена, се во хармонија и овозможуваат сегашните и идните потенцијали да ги задоволат човековите потреби и аспирации.
- промоција и поддршка на развојот што води во долгорочни резултати за луѓето, за околината, без притоа да се создаваат обврски и дисбаланси за идните генерации.
Видови активности
Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн” се доделува посебно, но не исклучиво за активности коишто имаат долготрајни ефекти и имале влијание врз општеството, се иновативни, воспоставуват модели на дејствување и поттикнуваат други слични или исти иницијативи - можност за реплицирање и ја поттикнале соработката.
По правило, Наградата не се доделува за книги, академски истражувања и конференции, освен ако не се дел од поширока активност и не водат кон последователни активности.
Временски период
Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн” за долгогодишен придонес се доделува за континуирани активности во најмалку десетгодишен период.
Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн” за придонес во претходната година се доделува за активности во календарската година која и претходи на годината на доделување на Наградата.
ПРЕДЛАГАЊЕ
Јавен конкурс
Наградата се доделува преку јавен конкурс.
Предлагачи
Кандидат за Наградата може да биде предложен од два поединци, заедници и/или организации. Кандидатот не може да се предложи самиот себе.
Покрај предлагачите на кандидат, поддршка на кандидатурата можат да достават и други поединци и/или организации.
Форма на предлогот
Предлогот за наградата се поднесува во образец за предлог за Наградата.
Кон предлозите се приложуваат и прилози кои ја поддржуваат кандидатурата и со/од кои може да се верификуваат достигнувањата: публикации, билтени, извештаи и сл.
Рокови
Јавниот конкурс беше распишан на ден 11 март 2004 година и беше отворен од 13 март до 8 април 2002 година.
Пријавите се поднесуваа на адреса на Македонскиот центар за меѓународна соработка.
КАНДИДАТИ И ОДЛУЧУВАЊЕ
Наградата се доделува од Управниот одбор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), на предлог на Одборот за Наградата, а по претходна анкета.
Листата на лица кои ќе бидат анкетирани ја утврди Одборот за наградата. Со неа се опфатени 66 лица. |