БиХ
Кинескиот синдром: Босна ги отфрла ХИВ/СИДА заразените лица
Во последниот извештај на Balkan Crisis, бр. 467, IWPR објави дека ХИВ/СИДАта станува се' поголем проблем во регионот поради неуспехот на владата да му пристапи на соодветен начин. Босна и Херцеговина досега беше единствената земја во регионот со официјално мал број на регистрирани случаи - само 56.
Меѓутоа, експертите предупредуваат дека таа бројка не е реална слика за вистинската ситуација во регионот. Најголемиот проблем во одредувањето на вистинската ситуација е недостатокот на координација помеѓу владините институции, кои се поделени на државно ниво. Дури минатата година, двете национални ХИВ/СИДА координатори од Муслиманско-хрватската федерација и Република Српска се собраа и ги усогласија податоците за целата земја.
Исто така, голем проблем претставува и владиното запоставување, незнаење и предрасуди кои му помагаат и помагаат на ХИВ заразата, која се верува дека се шири меѓу меѓу зголемениот број на интравенозни корисници на дрога и проститутките.
Уште еден проблем е тоа што наголемиот број луѓе се колебаат/одбиваат да се тестираат бидејќи тестирањето не е ниту бесплатно, ниту пак доверливо, за разлика од кое друго било место во Европа. Во светло на Меѓународниот ден за борба против СИДА, Џејн Гроноу, регионален координатор на УНАИДС, заедничка програма за ХИВ и СИДА на Обединетите нации, педупреди дека малата бројка само охрабрува една лажна претстава за безбедноста во земјата и дека босанската влада „ги затвора очите пред реалноста“.
|