“Помогнете им на децата Роми да одат на училиште” 

Првата награда за донација му припадна на Суад Мисини

Под насловот „Помогнете им на децата Роми да одат на училиште”, во рамките на НВО Саемот, се одвиваше и социо-културниот настан на кој беа презентирани резултатите од двомесечната акција за креирање фонд за набавка на учебници и школски прибор за децата Роми од РМ, водена од страна на ХО „Мир” и ЦИРа, а истовремено се одржа и јавно извлекување на планираните награди за најголемите донатори, кои донираа парични средства на саемот.

Двете организации обезбедија материјални донации во вредност од околу 8 илјади евра, а во текот на двата саемски дена, од донаторите на лотаријата беа собрани околу 1.200 евра.

Првата награда за најголем донатор на фондот ја доби Суад Мисини за донацијата од 4.000 денари, а втората и третата, организацијата ДАЈА од Куманово и Доналд Бисон – вработен во канцеларијата на ОБСЕ во Скопје. Најголемите парични донации за книги и училиштен прибор, според желбата на донаторите – посетителите, им припаднаа на училиштата  „Ѓорѓи Сугаре” од Битола, „Васил Главинов” и  „Браќа Рамиз и Хамид” од Скопје.               

К.Б.