Србија и Црна Гора
Граѓанска едукација
Клубот на цетински граѓански организации “Граѓанска куќа” го започнува проектот под наслов “Граѓанска едукација”, кој претставува продолжение на активностите од областа на образованието и граѓанската еманципација. Во него ќе бидат вклучени 30 учесници и ќе бидат опфатени бројни области од демократијата и парламентаризмот, чоевечките права, невладиниот и граѓанскиот сектор, а ќе биде промовирана и веб-страница, која ќе се занимава со проблемот на граѓанското образование во Црна Гора, како и прирачник на оваа тема прилагоден на граѓаните.
Целта на проектот е развивање партнерство меѓу граѓаните и граѓанските организации на локално ниво, како и покренување заеднички иницијативи низ едукација и дружење. (Oneworld).
Г.Ш.
|