Белешки за авторите

 

Даниела Димитриевска родена е во 1969 година. Дипломира на Земјоделскиот факултет во Скопје. Од 2004 г. е извршен директор на Македонското женско лоби. Веќе неколку години е активна во граѓанскиот сектор.  Таа е еден од основачите на ЕСЕ и на Македонското женско  лоби.


Викторија Јакимовска родена е во 1985 година во Скопје. Средното образование го заврши во Скопје во гимназијата „Јосип Броз Тито”. Студент е на Правниот факулетот во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Член е на Асоцијацијата на европските студенти по право, на Македонскиот Црвен крст и на Организацијата на жените на Македонија.
 

Анифа Демировска е родена во 1962 година. Дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Активно е вклучена во граѓанскиот сектор од 1966 година. Таа е претседател на Ромската граѓанска организација „Пхурт” (Мост) од Делчево. Во моментот, Анифа Демировска работи во Управата за јавни приходи во Делчево, каде што и живее.
 

Катерина Николова родена е во 1982 година. Средното образование го завршува во Скопје, каде денес е апсолвент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, група македонска книжевност и јужнословенски книжевности со подгрупа македонски јазик. Член е на новоформираното граѓанско здружение „Ново време”, со активно учество во хуманитарни активности и настани коишто се во склоп со мандатот на здружението и коишто се од значење за потребите на човекот и за општеството.