Промените во системот на образование
Доживотно учење како политика
албански
Кон крајот на 80-тите и во почетокот на 90-тите години на 20-тиот век, во светот започна новата реформа на училиштата, чијашто цел беше изградување поефикасни и поконкурентни образовни системи. Промените во системот на образованието се иницирани од актуелните процеси на општествено-политички, економски и технолошко-технички план и се однесуваат подеднакво и на формалното и на неформалното образование.
Имено, промените на пазарот на трудот, глобалната економија, немилосрдната конкуренција, понудата и побарувачката којашто ја диктира пазарот и новите трендови и информатичката технологија доведуваат до социјално исклучување на одредени маргинализирани групи од главните текови и можности. Она што за развиените земји се наметнува како прашање е како во ваква констелација на односи да обезбедиме социјална инклузија, дијалог со релевантните актери, знаејќи дека образованието е тесно поврзано со сиромаштијата и н$ води кон просперитет на земјите. Ако речеме дека основниот начин за надминување на сиромаштијата е вклучување на пазарот на трудот, зголемувањето на продуктивноста може да биде подобрено преку едукација и обука. На овој начин се подобрува компетитивноста на пазарот и се намалува нееднаквоста. Образованието и обуката ги зајакнува поединците и нивната можност за вработување и создава капацитет да одговорат на можностите на пазарот. Сепак, луѓето во категоријата сиромашни се соочуваат со многу проблеми во пристапот до стручно оспособување и обука. Недостасуваат информации за можностите за обука и понекогаш е оневозможен пристапот како резултат на културните бариери.
Токму во тој контекст 1996 година беше прогласена за Европска година на Доживотното учење, која, меѓу другото, имаше за цел “економски просперитет низ континуирана едукација/учење”, посебно наменета за возрасните.
Во суштина, најголем дел од работодавците согледаа дека развојот, одржливоста на резултатите и учењето одат рака под рака. Можеби најголемиот неодамнешен развој и успех беше промена на ставовите токму во однос на учењето. Сега, денес, постои взаемно разбирање дека континуираниот развој и континуираното учење “Доживотно учење” се меѓусебно поврзани.
За време на заседавањето на Советот на Европа во Лисабон (март 2000), Европската унија ја донесе Лисабонската декларација со нови стратешки цели во наредната деценија: да стане најкомпетитивна и динамичка економија, базирана на знаење, која ќе биде способна да обезбеди одржлив економски просперитет со повеќе и подобри работни места и подобра социјална кохезија.
Всушност, Лисабонската декларација произлегува како резултат на состојбите во ЕУ коишто во бројка значат дека повеќе од 15 милиони Европејци се с$ уште без работа.
Во вакви услови неопходно е да се направат и економски, но и социјални реформи како дел од позитивната стратегија којашто ќе овозможи подобрување на компетитивноста, но и на социјалната кохезија.
Од сево погореискажано произлегува дека основниот постулат на “општество засновано на знаење” е инвестиција во луѓето и развивање динамична држава на благостојба. Оваа состојба ќе се постигне преку понуда од учење и обука, скроени според потребите на различните целни групи и различните нивоа од нивниот живот: млади, невработени, вработени, но ризични групи итн.
Граѓанските организации и “доживотното учење”.
Во однос на неформалното образование, во нашата земја во последните 10-тина години се отворени голем број, главно, приватни институции или граѓански организации, кои нудат неформално образование и обука. За жал, с$ уште не е развиен систем на вреднување на неформално стекнатите знаења и квалификации, кој треба да овозможи знаењата, вештините и способностите стекнати преку/низ неформалните облици на образование и обука да се верифицираат од страна на државата. Скоро секоја институција како доказ за посетување на неформалните програми за образование и обука издава сертификати или потврди за посета на обука.
Од друга страна, за изградување или воспоставување сертификациски систем потребно е да се подготви и донесе закон за национални сертификати; да се изгради систем за оценување и вреднување на обуките; да се донесат акти за регулирање на неформалното образование и обука; да се подготови каталог на знаења; да се определат критериуми за акредитација на институции за неформално образование и обука, да се воспостават начини за издавање лиценци итн. Овие прашања се с$ уште нецелосно решени во РМ.
Засега и РМ декларативно го поддржува концептот на Доживотно учење и вели дека во наредниот период ќе се преземат сите мерки за засилување на соработката меѓу институциите за формално образование и институциите и формите на неформално образование. Во тој домен, Владата, во прашалникот до ЕУ, вели дека граѓанскиот сектор ќе биде клучен партнер во развојот на образованието и земјата во целост.
Неда Малеска-Сачмароска |