Промоција на книга; организатор: Македонски центар за меѓународна соработка (мцмс)

Преглед на даночните закони што имаат влијание на граѓанските организации во ЦИЕ

Во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, на вториот ден од одрчувањето на НВО саемот беше промовирана книгата “”Преглед на даночните закони што имаат влијание на граѓанските организации во ЦИЕ”во издание на Меѓународниот центар за непрофитно право (ИЦНЛ) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Станува збор за второ, дополнето издание (првото е издадено во 2001 година), кое е резултат на експертизата изработена од правници и претставници на невладините организации од Централна и Истоnаа Европа.

Ова издание  е подготвено од Меѓународниот  центар за непрофитно право, базирално на прашалник за даноnите закони и прописи кои се однесуваат  на граѓанските организации од 16 земји  Книгата нуди информации за постоечките даноnи закони кои се однесуваат на граѓанските организации,  што воедно е нејзината прва цел во изготвувањето, а истата е направена со аналитички приод на актуелната ситуација во дел од земјите на ЦЕИ.

Промоторите на книгата , Сашо Клековски – Макеонски центар за  меѓународна соработка и Даг Ратцен – Меѓународен центар за непрофитно право се осврнаа на потребата од публикување на книгата во Македонија, на актуелната состојба на полето на даноnата регулатива за  граѓанските организации во земјава, презентрајќи и компаративен преглед на даноите закони  во истражуваните земји.  

Во врска со актуелната состојба со даночењето на граѓанските организации во Македонија, Клековски, меѓудругото потенцираше дека тоа сеуште кај нас е политички проблем и дека за жал, на дел од  граѓанските организации им е полесно да  да ги заобиколувааат  законите отколку да  ги сменат и да ги прилагодат на реалноста во Македонија, но и на меѓународниата законска регулатива.

Даг  Ратцен информираше  за активностите кои на полето на даноnата  законска регулатива се реализираат во Македонија, потенцирајќи дека Македонија  е единствената земја во Централна и истоnа Европа каде  здружeнијата на граѓани се оданочуваат исто како и бизнис секторот.

Говорејќи за потребата од законско регулирање на оданочувањето а со тоа и на условите за донирање во граѓанскиот сектор, Ратцен нагласи: “”Законот не е средство кое ги  мотивира луѓето да даваат донации, но тоа не значи дека тој не е важeн. Законот ги регулира механизмите со кои луѓето можат да донираат и колку можат да донираат во одредени здруженија на граѓани””.

На промоцијата присуствуваа меѓу другите и Весна Арсовска  од Здружeнието на жeни претприемачи “”Арна”” која ја нагласи потребата од поитно законско регулирање на даноцните обврски, а  Славко Лазовски од Министерството за финансии најави дека 2005 е година во која по тригодишен напор, ќе почне да се решава  подобрувањето на  даночата рамка за граѓанските организации во рамките на актуелната програма на Владата.