Семинар во Охрид

Влијанието на процесите на ЕУ врз човековите права

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Центарот на човековите права од Загреб, Хрватска, на 15 март во Охрид одржаа работна средба со наслов „Влијанието на пристапувањето кон ЕУ врз човековите права – македонски и хрватски искуства”. Целта на дводневниот семинар беше размената на искуствата од влијанието на процесот на пристапување кон Европската Унија врз заштитата и унапредувањето на човековите права во Македонија и во Хрватска. Се презентираа актуелните состојби и развојните правци во областите антидискриминација и бесплатната правна помош, а учесниците имаа можност да се запознаат и со најдобрите практики за промовирање на човековите права во правец на пристапување кон ЕУ, како и со постојните предизвици во областите од интерес во двете држави аспиранти за ЕУ.

МИА