На универзитетот во Тетово

Опремени медијатеки и училници

На 13 февруари 2008 г., на Факултетот за хуманистички науки и уметности и на Природно-математичкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, беа свечено пуштени во употреба новите медијатеки и нагледни училници.  Медијатеките се комплетно опремени со компјутери, скенери, печатачи, фотокопири, телевизори, книги, ЦДа и стручни списанија, додека нагледните училници добија нов мебел, ЛЦД-проектори, помошни материјали и наставни помагала. Овие простори ќе бидат користени од студентите на Државниот универзитет во Тетово за подготвување на своите испити и проекти. Интервенцијата на овие простории се спроведе како дел од проектот „Креативна настава и учење” на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), со буџет од 93.000 американски долари.

М.И.