ЕКОЛОШКО ДРУШТВО "ЈАВОР"

Земјоделски информатор

Земјоделскиот информативен центар кој работи во состав на Еколошкото друштво „Јавор” од Зрновци, почна да издава месечен билтен, со цел ги да  информира и едуцира граѓаните за најновите технологии за производ­ство на здрава храна, моде­ли за одржливо и органско земјо­делство, трговија и начини на здру­жување на земјоделските производители, можностите за вработување и освојување нови пазари, поврзување со напредни земјоделци од земјава и странство, кредитни линии и грантови и друго.

Билтенот е печатен со помош на неколку организации од САД: Институтот за трајни заедници, Канцеларијата за демократија и управување, Биро за Европа и новите независни држави, USAID, како и Германското друштво за техничка соработка – GTZ.