Промовирани проекти за култура и развој

Зацврстување на културниот идентитет

На 30 септември во Детскиот тетарски центар, во Старата скопска чаршија, беа промовирани проектите поддржани од Програ­мата за култура и развој на Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.

На исклучително добро посетената промоција, за значењето на проектите во развој на мултикултурализмот во Македонија, а дел од нив и за  реставрација на Старата скопска чаршија, гово­реа заменик-министерката за култура, Мелпомени Корнети, и амбасадорката на Кралството Холандија, Фредерике де Ман. Впечатливи миниконцерти одржаа  оркестрите “Дархија” и “Пе­це Атанасовски”, а на богато украсената театарска сцена беа изложени експонати, како дел од реализираните проекти.

Програмата  е фокусирана  на две главни полиња за поддршка: народната музика/танц и традиционалните уметности/занаети. Од почетокот на 2004 година се поддржани и се спроведуваат 7 проекти: “Мали традиции, големи вредности” (Центар за современи уметности, Скопје); “Поддршка за заштита на фолклорните вредности на заедниците во регионот на Тетово” (Форум на албанската жена Тетово); “Старите занаети - живи све­до­ци за традиционалната култура” (Здружение за достоинство на хендикепираните, Штип); “Ревитализација на фили­гран­ска­та традиција” (Помош на занаетчиите, Скопје); “Младите но­си­тели на музичкото богатство и усната традиција на Ромите” (РЦЕЦ Дархиа, Скопје); “Развој на наследството на Галичник” (Здружение за културна афирмација на Мијаците”, Скопје); “Жива традиција, поврзување на чалгијата со  современата музика” (Оркестар Пеце Атанасовски, Скопје).

Примар­ните цели на програмата за култура и развој се: зац­вр­сту­вање на културниот идентитет или самосвеста на една на­ци­ја или група, понатамошно зајакнување на различни струк­ту­ри важни за културниот развој во една држава, како и про­ши­рување на културната соработка врз основа на еднаквоста на различните култури.       

К.Б.