Случај Детска амбасада за сите деца - Прилеп
И до дебата во Македонија не се доаѓа лесно
Одржаната кампања „Подготвени сме” за поддршка на Република Македонија за членство во НАТО, на 17 август, кога на плоштадот „Македонија” потписи од граѓаните собираа 150 деца, кои им врачија и пригодни плакети на министерот за одбрана, Лазар Еленовски, и на резидентниот амбасадор на НАТО во земјава, Миливој Бутинар, организирана од Детската амбасада за сите деца во светот од Прилеп, предизвика критики и остра реакција кај Првата амбасада на децата во светот - „Меѓаши”. „Меѓаши” ја осуди кампањата, потенцирајќи дека станува збор за злоупотреба на децата во политички цели, побара оставка од нејзиниот покровител, министерот Лазар Еленовски, а ги повика на реакција и Народниот правобранител и Јавниот обвинител, барајќи и кривична одговорност. Во обид да ги пренесеме ставовите за случајот на неколку компетентни страни, добивме различни реакции кои ви ги нудиме во овој број.
|
|