Европа: Планирање на финансирањето во 2004
Знаци на оптимизам по првото разгледување на Европскиот парламент
Главната фаза од процесот на одобрување на буџетот за 2004 заврши на 23 октомри со гласањето на пленарната сесија на Европскиот парламент.
Според ова, буџетската линија за човекови права (кој е зголемен за 19 милиони и сега изнесува вкупно 120 милиони) и децентрализираната соработка (11,8 милиони) ќе се зголемат следната година.
Буџетот за здравството исто така малку ќе се зголеми преку буџетска линија за „Помош за населението и репродуктивна здравствена заштита“ (17,8 милиони), буџетската линија за „Борба против ХИВ/СИДА, маларија и туберколоза“ (82,5 милиони) и буџетската линија за „Останати болести предизвкани од сиромаштијат“ (3 милиони).
Буџетот за хуманитарна помош (сега издвоен со посебен наслов) ќе доживее најголем пораст (пораст од 10%) во споредба со 2003 гдина. со целокупен буџет од 482 милиони евра.
Единствената буџетска линија која ќе претрпи мал пад е онаа за ко-финансирање со НВО (198,8 милиони) и 5% од буџетот (10 милиони) се издвоени како резерва.
Конечниот буџет ќе биде усвоен од страна на Парламентот во декември по второто разгледување од страна на Советот. Генерално, второто разгледување ги потврдува цифрите усвоени на првото. Во иднина, новиот устав на ЕУ предлага годишниот буџет да се усвојува со едно разгледување и процесот да започнува во септември наместо како досега во мај. |