Во организација на СОЖМ

Одбележан Денот на мајката

Сојузот на организациите на жени­те на Македонија (СОЖМ), на 15 мај 2005 год., во Македонскиот кул­турен центар, со посебна про­гра­ма, го одбележа Денот на мај­ка­та. СОЖМ и оваа година објави кон­курс за детски творби за мај­ка­та составен од цртежи, песни и рас­кази изработени од децата во прет­школските установи и основ­ни­те училишта, во чест на нивните мајки. Притоа, најдобрите цртежи, пес­ни и раскази, избрани од стра­на на комисијата,  беа наградени.

Одбележувањето на Денот на мај­ка­та датира уште од времето на античките Римјани и Грци, притоа служејќи како начин да се нагласи мајчинството и неговата улога во семејството. Во 1908 год., во САД, поточно во Западна Вирџинија, Ана Јарвис ја започнала кам­пања­та за етаблирање на националниот празник - Ден на мајката. Во 1914 година претседателот Вудроу Вил­сон (Њоодроњ Њиллсон) официјално го прокламира Денот на мајките, кој денес се прославува во повеќе земји во светот.

Денот на мајките, за разлика од 8 март - Денот на жената, кога жени­те проговориле за своите права и својата улога во општеството, го свртува вниманието кон зна­че­ње­то на мајчинството и компактноста на семејството како основна клет­ка на општеството.

На овој ден децата имаа можност да ги израдуваат и изненадат сво­и­те мајки со скромни подароци и спо­делување на домашните обвр­ски изразувајќи го посебното при­зна­ние и почит за неизмерната љу­­бов, грижа и посветеност во се­меј­ството. Освен СОЖМ, Денот на мајката го одбележаа и повеќе женски граѓански организации од целата држава.           

Д.М.