МЦМС

Граѓански практики

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го издаде шестиот број на публикацијата Граѓански практики. На страниците на ова издание се презентирани размислувањата и ставовите на четири автори, кои пишуваат на тема “Заста­пу­ва­њето и лобирањето во граѓанските организации” и “Заштита на чове­ковите права низ механизмите на граѓанските организации”.

За застапувањето и лобирањето како активности што носат опш­тес­твени промени сe почесто се зборува во граѓанскиот сектор. Освен тоа, сe повеќе проекти што ги спро­ведуваат граѓанските организации како инструменти ги користат застапувањето и лобирањето. Во текстот посветен на заштитата на човековите права низ механизмите на граѓанските организации се тргнува од дилемата “дали граѓанските организации во потполност можат да ги заштитат чо­­ве­­ковите права или, пак, тие се само декор на демократијата”?