Организација на жени - Свети Николе
Организацијата на жени на Општина Свети Николе активно работи од 1990 година и претставува континуитет на поранешното женско организирање во општината.
Организацијата е невладина, непартиска и непрофитна организација и работи на подрачјето на општина Свети Николе, а во последно време се направени обиди за заедничка соработка и со други женски НВО од Македонија.
Како невладина, непартиска и непрофитна Организацијата на жени според новите законски прописи изврши пререгистрација и од 28.12.1998 година е запишана во регистарот на Здруженија на граѓани и фондации во Основниот суд во Свети Николе под број 18, а ќе дејствува на територијата на Општина Свети Николе со седиште на улица Плоштад Илинден - бб; Свети Николе.ПФ.13
Во организацијата членуваат околу 500 жени, од кои 30 се активни волонтерки и вклучени во реализацијата на тековните активности и проекти. Во почетокот организацијата работеше на пружање на хуманитарна помош за социјално загрозени лица, но од 1997 година своите активности ги насочи кон реализација на проекти од различни области.
Организационата структура на Организацијата :
- Собрание - е највисок орган на организацијата и е со променлив број на членови. Се свикува најмалку еднаш во годината а по потреба и почесто. Истото ја утврдува генералната политика на Организацијата на жените.
- Претседателство - е извршен орган на Собранието а правата и обврските ги врши врз основа и во рамките на Статутот и општите акти. Брои 17 члена делегирани од Активите на жени од месните заедници, работните организации и институции.
- Претседател на ОЖ - се избирана седница на Собранието со јавно гласање за време од четири години со право на повторен избор. Ја претставува и застапува Организацијата пред трети лица.
- Надзорен одбор - се избира на седница на Собранието за време од четири години и се грижи за спроведување на одредбите од Статутот и контрола на наменското располагање со средствата и приходите на Организацијата на жените. Наодите и одлуките Надзорниот одбор ги доставува до Собранието и до Претседателството на Организацијата на жените.
Основната мисија на ОЖ е да дејствува во правец на унапредување на положбатa na жените во сите сфери како:
- Еманципација и полова еднаквост
- Секаков вид на помош ( правна, социјална, хуманитарна и др. )
- Здравствена едукација и заштита како превентива преку разни форми на предавања и прегледи
- Човекови права- женски права, семејно насилство
- Работа со деца, младинци и стари лица преку разни форми-Соработка со други НВО и институции на локално и национално ниво.
- Работа со општа популација
Во Организацијата постојат повеќе секции и комисии како што се:
- Секција за помош и социјална заштита
- Секција за работа со деца и младинци
- Секција за култура и рекреација
- Секција за соработка со други невладини организации
- Комисија за изработка на проекти и др.
Работата на ОЖ е јавна.Одлуките по одредени активности и проблематики кои се предмет на расправа и договарање се донесуваат на седница на Претседателството и тие се полноважни ако за нив се изјаснат повеќе од половината присутни членки на Претседателството.
Седиште: ул.Плоштад Илинден бб, П.Фах 13 2220 Свети Николе,Македонија Тел,/факс: +389 32 444 620 E-mail: wom_org@yahoo.com Основана: 1990 година
|