ФОРУМ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО: Организација Сојуз на Организации на Жени на Република Македонија-СОЖМ

Тема: Учеството и придонесот на НВО во безбедноста и одржувањето на мирот и потребата од регулирање во законски рамки на производството и трговијата на играчки, видео игри, кои мотивираат насилство

Категорија:   Панел
Датум: 22.11.2003 Час: 17:30-19:00
Сала: А

Воведничари: Владимир Пандовски-Национална асоцијација за оружје, Наташа Доковска-Новинари за заштита на правата на жените и децата, Џабир Делара-Цивил, Шпенд Имери-АДИ        

Претседавач: Савка Тодоровска-СОЖМ

Краток опис на темата:
Голем дел од граѓаните поседуваат нелегално оруже како и случувањата и секојдневните вести за оружени инциденти и зголемениот број жртви на нелегално оружје е поттик за организирање форумска расправа на оваа тема. Воведничарите ќе говорат за учеството и придонесот на НВО во безбедноста и одржувањето на мирот и потребата од регулирање во законски рамки на производството и трговијата на играчки, видео игри, кои мотивираат насилство. Ќе бидат изложени конкретните активности кои се преземени досега, а ќе бидат презентирани и досегашните резултати и податоци за моменталната ситуација.