Меѓународна фондација за соработка
Нова веб-страница за човекови права
Новата веб-страница, иницирана од страна на Мандат интернешнал - Меѓународна фондација за соработка, нуди тријазичен пребарувач, за полесен, побрз и посистематски пристап до човековите права и законот за истите. Со над 250 меѓународни конвенции, анализирани член по член, страницата нуди многу корисни информации, а меѓу другото и можност за лесен пристап до обврските на секоја земја, клучните членови, статусот на ратификување итн. Веб-страницата има за цел да им ја олесни работата на невладините организации, да & овозможи на јавноста подобро запознавање со обврските коишто ги презеле на себе владите на одделните земји, да придонесе во промовирањето на човековите права и хуманитарните закони и да послужи како обука и педагошка алатка. Веб-страницата можете да ја најдете на: www.whatconvention.org.
|
|