Институт за трајни заедници
Конкурс за доделување грантови на искусни невладини организации
Институтот за трајни заедници (ИТЗ) во рамки на Проектот за зајакнување на граѓанското општество, финансиран од Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД), објавува конкурс за доделување грантови на искусни невладини организации (НВОи) од Република Македонија.

Целта на проектот е да се придонесе зголемување на бројот на НВОи кои во иднина ќе бидат способни да даваат услуги и поддршка на другите НВОи, без да се потпираат на меѓународни организации. Второ е да се унапреди атмосферата во која делува НВО секторот, односно законската регулатива која го уредува нивното работење како и јавното мислење за НВОи. И последната цел и не помалку важна е со личен пример да се покаже градењето партнерство меѓу НВОи.
За таа цел конкурсот за доделување грантови треба да идентификува и развие група од најмногу 8 лидерски НВО кои ќе се приклучат на јадрото од 17 лидерски НВОи вклучени во текот на првите три години од спроведувањето на Проектот. Групата ќе вклучува организации кои ќе бидат фокусирани на конкретни прашања или услуги, мониторинг групи, професионални асоцијации и истражувачки институции. Селекцијата на НВО ќе одразува развновидност во географска локација, етничка и родова застапеност, и лидерство и персонал.
Ќе бидат доделени едногодишни грантови во износ до 25 000 УСД. Покрај грантовите за конкретни проекти за застапување, секоја НВО ќе добие техничка помош, обука и информации за спроведување на проектот и за институционален развој на организацијата.
Проектот ИТЗ ќе го имплементира во козорциум со три НВО- Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и центарот за институционален развој од Македонија и со Европскиот центар за непрофитно право (ЦИРА)- регионална организација со средиште во Будипмешта.
Апликациите треба да се достават до канцеларијата на ИТЗ во Скопје до 26 август 2008 г., до 17:00 часот во бараниот формат и со сите потребни прилози. |