Х.Е.Р.А.

Награден конкурс за постер на Кампањата за борба против ХИВ/СИДА, 2003

Невладината организација Х.Е.Р.А. - Асоцијација за здравствена едукација и истражување, објавува награден конкурс за избор на најуспешно идејно решение за постер на кампањата за борба против ХИВ/СИДА, 2003.

На конкурсот право на учество ќе имаат сите млади луѓе на возраст меѓу 14 и 20 години. Идејните решенија на конкурсот треба да се испраќаат на адреса на невладината организација Х.Е.Р.А. (бул. Димитрија Чуповски  бр. 4-1/14, 1000 Скопје) најдоцна до 25.11.2003 г. Сите потребни информации можат да се добијат на тел.: 02/3290-395 или преку hera@stopaids.org.mk и www.sakamdaznam.org.mk. Најуспешното решение на конкурсот ќе биде објавено преку јавните медиуми како дел од медиумската кампања за борба против ХИВ/СИДА, 2003 г., во организација на невладината организација Х.Е.Р.А., а со поддршка на: Националниот интернет провајдер - Он.нет, Меѓународната федерација за семејно планирање, Агенцијата за млади и спорт и комапнијата „Пи-си фор ол“ („PC for All“).

Овогодишната кампања има главна цел да промовира идејни пораки за проблемот ХИВ/СИДА во Република Македонија креирани од младата популација и насочени кон младата популација. Главни насоки во создавањето на идејните решенија на кампањата ќе бидат следниве:

  • креација на порака;
  • според пораката, креирање визуелно решение;
  • повикување на јавноста да се соочи со проблемот;
  • идејните решенија на кампањата не треба да осудуваат;
  • идејните решенија на кампањата не треба да застрашуваат.

КОНКУРС
За постер на Кампањата за борба против ХИВ/СИДА 2003


УЧЕСТВУВААТ
Сите  на возраст од 14 до 20 години


НАГРАДИ

  1. Компјутер, печатар, скенер и 1 година бесплатен интернет - Он.нет.
  2. Скенер и 1 година бесплатен интернет - Он.нет сите учесници на конкурсот добиват припејд интернет-картички - Он.нет.

НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ

  • ќе биде објавено преку јавните медиуми на прес-конференција на 01.12.2003
  • ќе се искористи за Кампањата за подигање на јавната свест за  ХИВ/СИДА 2003 во организација  на невладината организација Х.Е.Р.А.

УПАТСТВА

  • смисли порака
  • според пораката состави визуелно решение
  • повикај  ја јавноста да се соочи со  проблемот
  • не осудувај
  • искористи ја, но не  ја менувај црвената панделка 

ИСПРАЌАЈТЕ 
ги вашите идејни решенија како порака и илустрација, цртеж или фотографија (ако користи компјутер  во формат ЈПГ) најдоцна до 25.11.2003 г. на следната адреса:

Х.Е.Р.А. Асоцијација за здраствена едукација и истражуваање
бул. Димитрија Чуповски  бр. 4-1/14, 1000 Скопје
Дополнителни  информации на тел.: 02/3290-395 секој работен ден од 9 до 16;.
и на hera@stopaids.org.mk.   

Конкурсот и кампањата се поддржани од:
Национален интернет провајдер - Он.нет
Меѓународна федерација за семејно планирање
Агенција за млади и спорт
„Пи-си фор ол“