ЦИРа ја започнува новата програма

ПОДДРШКА ЗА РОМСКИТЕ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Во следните девет месеци 30 ромски граѓански организации ќе бидат поддржани преку градење на нивната одржливост со зголемување на вештините и знаењата кај поединците кои не се на извршни позиции


Центарот за институционален развој - ЦИРа започна со реализирање на програмата “Поддршка на ромските НВОи и ромската деловна заедница” финансирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID), преку програмата за обука спроведувана од Светско учење (World Learning). Програмата предвидува градење одржливи ромски граѓански организации со зголемување на вештините и знаењата кај поединците кои не се на извршни позиции. Проектот ќе се одвива во периодот: јули 2005 - март 2006.

Програмата предвидува избор на 30 ромски граѓански организации од цела Македонија преку транспарентен и фер процес. Потоа ќе следи проценка на потребите на секоја од избраните НВОи во врска со нивниот организациски развој, капацитети и подрачје на делување. Врз основа на тоа ќе бидат организирани обуки, студиски патувања, консултации и сл.

Заинтересираните можат да се пријават поднесувајќи ги документите што можете да ги симнете тука најдоцна до 15 август 2005 година.