Ад хок коалиција „Минута до дванаесет“
Неделата на активности за жената
На 12 февруари 2004 г., во просториите на Сојузот на организациите на жените на Македонија (СОЖМ), се одржа третата средба на ад хок коалицијата за одбележување на „Неделата на активности за жената“, по повод 8 Март.
На средбата присуствуваа претставници од СОЖМ, ОЖ - Скопје, Хуманитарната организација „Мајка“ - Куманово, Новинари за права на жените и децата и заштита на животната средина на Македонија – ЈЦВЕ, Македонското женско лоби и Младинската алијанса – Тетово.
Учесниците, на средбата се договорија ад хок коалицијата да го носи името „Минута до дванаесет“, а мотото да биде „Грижи се, не убивај“.
Коалицијата се договори за одржување три округли маси, а првата ќе биде на темата „сиромаштија“, со поттемите: невработеност, демографска состојба и миграција-имиграција. Таа ќе се одржи во Велес или во Штип, во периодот меѓу 24-26 февруари.
Втората тркалезна маса на темата „насилство“ треба да се одржи во Куманово, на 4 март, како град во кој има најголем број жртви на насилството. Оваа тркалезна маса теба да ги третира следниве поттеми: семејно насилство, трговија со жени и сексуално вознемирување на работно место.
Третата тркалезна маса на којашто ќе се зборува за децентрализацијата предвидено е да се одржи на 2 март во Тетово.
Воведничари ќе бидат министри, професори, претставници на синдикатите, претставници на странски и домашни граѓански организации и институции, од социјалните установи, од ЗЕЛС, градоначалнички на општините во Македонија итн.
Ад хок коалицијата ќе одржи проекции на филмови на 6 март, а за 1, 3 и 5 март, со почеток во минута до 12 ч., ќе се одржат три презентации. Нив ќе ги покријат: СОЖМ - Родовиот концепт во 20 рурални средини; ХОПС - Проституцијата меѓу средношколската младина; и, ЈЦВЕ - Улогата на жената во (раз)оружувањето.
На 7 март ќе се организираат акциите „Сите на водно“ и турнир во куглање, а на 8 март агендата е следна: во 10 часот - Национална конференција „Повеќе жени во локалната самоуправа“; од 12 до 13 часот „Перформанс“ на ОЖ на Скопје; од 13 часот тргнува маршот под мотото „Грижи се, не убивај“, во организација на СОЖМ; од 10 до 17 часот ќе се одвива петицијата „Контрола за оружјето“ во организација на ЈЦВЕ.
Младинската алијанса од Тетово најави дека ќе се вклучи во организирање на акцијата за собирање потписи за кампањата „Контрола на оружјето“, на 8 март.
Се предвидува во паркот „Жена борец“ да бидат поставени и тезги каде што жените практично ќе демонстрираат како да се намали невработеноста преку продажна изложба или пазар на нивни ракотворби.
За информации и за ваши сугестии, мислења и идеи, можете да се обратите на адресите дадени подолу. Сите оние кои сакаат да бидат дел од ад хок коалицијата, најдоцна до 17.02.2004 год. можат да се обратат на истите адреси.
ЈЦВЕ тел. 02/2462-590 моб. 070/888-377 e-mail: dokovska@detstvo.org.mk Наташа Доковска Лице за односи со јавноста
СОЖМ тел. 02/3134-390 02/3220-570 e-mail: sozm@mt.net.mk Светлана Миленкова Лице за односи со јавноста
|
|